Утрински Весник
Македонија

Апсења за дрога во Скопје, Охрид и Радовиш

Mvr.jpg

Полициски акции беа спроведени во изминатите 24 часа во повеќе градови. Во Скопје, при претресите уапсени се три лица – Е.А. (49), Д.П. (23) и К.С. (28). Кај нив инспекторите пронашле марихуана и непозната бела прашкаста материја.

Локалната полиција во Радовиш фатила група млади момчиња на возраст од 19 и 21 година (М.М., М.Ш., С.Ј.), како и еден 17-годишен малолетник во моментот додека конзумирале марихуана. При прегледот, кај тројца од нив биле пронајдени дополнителни пакувања со дрога. Малолетникот е повикан во станица во присуство на родител.


На булеварот „Железничка” во Охрид пак, криминалистичката полиција сопрела автомобил „Мерцедес” управуван од 60-годишниот А.Ј., во кој совозач бил М.Б. (44). При претрес извршен со судска наредба, во возилото е пронајдена и одземена марихуана.

Можете да прочитате

Одземени четири лиценци на управители на згради при вонредна контрола на РКД

Пресуда за Штекли и уште четворицата обвинети во предмет за дрога

Законските измени за укинување на техничката влада на пленарна седница