Утрински Весник
Македонија

Акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога

Policija kontroli 370084 376090 377167 424099.jpg

На 13/14.03.2026 во Скопје, кај спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје спроведоа акциска контрола.

При постапувањето извршена е проверка на идентитет и преглед на 33 лица. Во рамки на акциската контрола лишени од слобода се шест лица: Љ.П. (42), С.Н. (45), Љ.А. (43) и И.Ц. (37), сите од Скопје, М.С. (33) од Неготино и Е.Л. (21) од Р. Албанија.


При прегледот кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, грутчеста материја, марихуана и прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Пријави за семејно насилство во повеќе градови, приведени шест лица

Вчера уапсени 21 возач, од нив 11 возеле без возачка

Трендафилов: Без работници нема држава, а нема ниту власт