
Американски авион за полнење гориво KC-135 се урна вчера во западен Ирак, при што загинаа четворица од шесте членови на екипажот, соопшти Централната команда на САД. Спасувачките напори продолжуваат, а несреќата се случила околу 14 часот по источно време. Околностите на несреќата се истражуваат. Според достапните информации, исклучена е можноста авионот да бил соборен од непријателски или таканаречен пријателски оган.
Идентитетите на починатите членови на екипажот ќе бидат објавени 24 часа откако нивните семејства ќе бидат известени за нивната смрт, што е стандардна процедура.
Со ова, бројот на убиени Американци од почетокот на американско-израелската војна со Иран се искачи на 11, иако ирански извори тврдат дека тој број е далеку поголем.


