Утрински Весник
Магазин

Светската DJ супер-ѕвезда HUGEL пристигнува во Скопје за спектакуларна ноќ во Арена „Борис Трајковски“!

A1 2.jpg

Скопје вечерва ќе биде центар на електронската музичка сцена во регионот, откако еден од најпопуларните светски DJ артисти HUGEL, пристигнува во македонската престолнина за својот ексклузивен настап во Арената „Борис Трајковски“.
Француската супер ѕвезда, познат по глобалните хитови и настапите на најголемите светски фестивали, клубови и журки, во Скопје пристигнува со приватен авион, директно од европската турнеја, специјално за спектакуларниот настан UP ALL NIGHT, а утрово на неговиот Instagram профил објави фотографија од студио со наслов „Skopje, Macedonia today“ .

Организаторите информираат дека сите подготовки се комплетирани, а сценската продукција, звукот, светлото и визуелните ефекти се поставени според највисоките меѓународни стандарди за светски електронски настани. Публиката ќе има можност да ужива во 7-часовно музичко искуство, со врвна аудио-визуелна продукција и атмосфера каква ретко се гледа на домашната сцена.


Покрај HUGEL, на сцената ќе настапат и македонските DJ сензации: The Aft3r и Sempre, како и DJ Bob.Dk од Грција, кои ќе ја загреат атмосферата и ќе ја комплетираат оваа голема музичка ноќ.

Настанот започнува во 20:00 часот, а вратите на арената ќе бидат отворени од 19:00 часот. Организаторите апелираат посетителите да пристигнат навреме во арената најдоцна до 20:30 часот.

Се очекуваат илјадници посетители од Македонија и регионот, што го прави овој настан еден од најголемите електронски музички спектакли во земјава оваа година.

Со настапи на најголемите светски фестивали и милиони слушатели ширум светот, HUGEL е едно од најактуелните имиња на глобалната DJ сцена, а неговото гостување во Скопје претставува вистински музички спектакл за домашната публика.

Организаторите најавуваат ноќ исполнета со музика, енергија и незаборавна атмосфера, вистинско „UP ALL NIGHT“ искуство.

Можете да прочитате

Суеверие старо со векови: Зошто петок 13-ти ги плаши луѓето ширум светот

Дневен хороскоп за 13 март 2026

Колку пати се сака во животот: Одговорот ќе ве изненади