
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа го почитува и поддржува секој мирен протест како демократско право на граѓаните и останува посветен на јакнење на транспарентноста и отвореноста на институцијата.
Во таа насока, како што веќе беше најавено пред медиумите, Министерството ќе организира јавна расправа за постапката за обновување на дозволата за УСЈЕ, за што веќе е поднесено барање. На расправата ќе бидат поканети сите засегнати страни, вклучително и претставници на граѓанските организации, иницијативи и стручната јавност. Сметаме дека суштинскиот придонес се остварува преку отворен и аргументиран дијалог во институционални рамки.
Граѓанскиот сектор е важен партнер во напорите за заштита на животната средина. А токму преку транспарентни процеси може да се изгради доверба во институциите и да се обезбедат одржливи решенија во интерес на граѓаните.

