Утрински Весник
Македонија

Четиригодишно дете тешко повредено во судар на автобус и автомобил во Скопје

Soobrakjajna Nesrekja Ilustracija.png

На 11.03.2026 во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски Питу”, бул.„Кочо Рацин” и ул.„Крсте Мисирков” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Г.(55) од с.Волково, скопско и патничко возило „форд фиеста” со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Со тешки телесни повреди се здобило четиригодишно дете од Скопје, патник во автобусот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Можете да прочитате

Савески: Телефонскиот разговор со премиерот не го доживеав како притисок

Повик до сопствениците да ги отстранат кајчињата од јавните површини долж брегот на Охридското Езеро

АНБ и МВР со акција против група поврзана со меѓународна терористичка мрежа