
Жестока расправа се одвиваше денеска на седницата на Советот на Град Скопје помеѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски од една и советниците на Левица од друга страна.
На обвинувањата од Левица, Ѓорѓиевски одговори дека Данела Арсовска бил нивен ментор и дека кадри на Левица управувале со јавни претпријатија во Скопје
„Стојче Јовановски е лицето кое што неколку години наназад, систематски, еве ги доказите, го уништува јавното предпријатие ЈСП Скопје. ЈСП Скопје е уништувано од кадар на Левица. Исто како што и КИЦ беше уништуван. Вие сте најголемото зло што му се случило на градот изминативе 10 години. За разлика од вас, за разлика од Стојче ваш и од цела ваша група, нема да ви поминат овие инсинуации. И ако мислите дека некој ќе ве толерира да кажувате приказни, да ја замајувате јавноста на погрешна адреса сте, само тоа ќе ви го кажам. На погрешна адреса сте. И за се, ќе ви биде одговорено соодветно. Вие сте научени некој да ви ќути. Вие сте најголемо бандитско здружување во градот Скопје. Само тоа ќе ви кажам. А еве и КИЦ, и ЈСП со докази говорат за тоа. Така што за Левица немам повеќе ниту што да одговорам, ниту што да опонирам“, реплицираше Ѓорѓиевски.


