
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски информираше на својот фејсбук профил дека се одржала средба со претставници на големите маркети. Тој истакна дека активно ја следат состојбата, и нема да дозволат отстапувања и профитерство.
,,Државата нема да интервенира во пазарот без причина. Но државата нема ни да стои на страна ако се создава реален притисок врз граѓаните без објективна основа. Со преставниците на маркетите заеднички заклучивме дека треба да има фер цени на производите и дека не треба да има ново зголемување. Продолжуваме да ја следиме состојбата и да интервенираме доколку има потреба за тоа. Најважен е интересот на граѓаните.” – објави Мицкоски.

