Утрински Весник
Македонија

Кузеска: ВМРО ги излажа граѓаните и за платите и за акцизите за гориво

Bk sdsm press.jpeg

Прес конференцијата на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

ВМРО за се лаже.


Погледнете ја оваа вест зад мене. Кога ВМРО беше опозиција бараа, ветуваа намалување на акцизите за горивата.

Ја добија довербата од граѓаните, и ги излажаа граѓаните.

Денеска кога се власт, кога можат да ја намалат акцизата, да ги намалaт цените, одбиваат.

Иако на светските берзи цената на нафтата се намалува граѓаните на Македонија плаќаат поскапо гориво.

Сите земји во регионот воведоа мерки за ограничување на цените на бензините само владата на Мицкоски не.

Очигледно Мицкоски намерно профитира на грбот на народот.

Мицкоски вели најефитно гориво имало во Макеоднија.

А што е со платите? Па проблем е што платите се најниски во Европа и куповната моќ на македонските граѓани е на дното.

Тоа е проблемот, нискиот стандард и ниските плати.

Да слушнеме сега уште еден став од ВМРО како опозиција.

Значи, иако признаваат дека СДСМ ја покачи минималната плата, за ВМРО тоа не било доволно, продуктивноста била проблем.

Повторно излажаа.

Сега се власт, владата на Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра.

Излегува Мицкоски и вели хистерија е барањето за поголема плата.

Со часовници од 60.000 евра, вредни колку 150 минимални плати, Мицкоски ги прави хистерични работниците затоа што бараат 600 евра плата.

Не е хистерија да се бара достоинствена плата, тоа е борба за достоинствен живот

Часовници од 60.000 евра, е тоа е хистерија.

Сега граѓаните многу добро знаат, Мицкоски и ВМРО лажат за се!

Можете да прочитате

Енергетската транзиција забрзува: Средба Божиновска со директорот на Енергетската заедница Лорковcки

Бран на семејно насилство, приведени пет лица во неколку градови

Нападнати медицински лица во Скопје, пациент се заканувал и кршел инвентар