Утрински Весник
Македонија

Зајкова: Големите партии манипулираат со изборниот закон

Zajkova.avif.avif.avif

Во гостувањето во „Ноќно Студио“ на 4ТВ, Моника Зајкова од Либерално демократската партија (ЛДП) ја потенцираше потребата за суштински реформи во изборниот закон и важноста на воведување на отворени листи.

Зајкова истакна дека, според податоците од Министерството за правда, во последните десет години се формирале работни групи за измени на изборниот закон, но тие измени практично никогаш не биле имплементирани, објави 4news.mk


„Големите партии манипулираат со темата изборен законик. Ако навистина сакаа суштински промени, тие веќе ќе беа видливи и имплементирани“, рече таа.

Според ЛДП, најважна одредба за моментот е воведувањето на отворени листи, кои, како што објасни Зајкова, го демократизираат изборниот процес и им овозможуваат на граѓаните директно да избираат за кој претставник имаат доверба.

„Тоа е како да одите во маркет и да избирате кој кроасан е најдобар за вас, наместо да ви дадат што ќе ви дадат. На тој начин се зголемува одговорноста на избраните претставници кон граѓаните, а не само кон партиските лидери“, посочи Зајкова.

Таа нагласи дека конзервативниот систем во моментов го попречува воведувањето на отворени листи, бидејќи поголемите партии сакаат да ја задржат контрола врз изборите и да ги одржуваат членовите под партиска контрола наместо директно пред граѓаните.

„Овој систем ги ограничува граѓаните и ја намалува одговорноста на избраните, затоа потребни се промени кои ќе ги стават интересите на народот пред партиските структури“, заклучи Зајкова.

Можете да прочитате

По трагедијата во Карпош: Дали училиштето можело да ја заштити Катја?

Зајкова: Големите партии манипулираат со изборниот закон

Професор од Скопје осомничен дека барал полови односи од 18 годишна ученичка