Утрински Весник
Македонија

Продолжи судењето за „Онкологија 2“

Vasev 2 1024x543 1.avif.avif.avif

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска беше сослушана д-р Снежана Смичковска во рамки на предметот „Онкологија 2“. Сведокот појасни дека медицинските истории на пациентите секојдневно биле доставувани на потпис кај тогашниот директор Никола Васев, но истакна дека тој не вршел директно влијание врз начинот на кој таа ги лекувала пациентите.

Смичковска пред судот изјави дека иако немала личен конфликт со Васев, во последните години не се согласувала со неговиот начин на раководење со Клиниката, објави 4news.mk


За време на сослушувањето се отвори прашањето за ракописот во медицинските досиеја, при што д-р Смичковска потврди дека одредени белешки со сино пенкало во историите на болест не се нејзини.

Одбраната се обиде да го оспори нејзиното претходно вештачење во поврзана постапка, но Судот го одби приговорот, нагласувајќи дека таа во овој процес е повикана исклучиво во својство на сведок.

Случајот „Онкологија 2“ ги терети Никола Васев и Нехат Нухи за незаконски набавки на лекови и фиктивни тендери во периодот 2018–2022 година, со што е причинета штета од околу 36 милиони евра. Двајцата обвинети ја негираат вината, а следното рочиште е закажано за 24 март 2026 година, кога треба да започне изведувањето на материјалните докази.

Можете да прочитате

Уапсен 19-годишникот кој удри пешак во Скопје и избега – „фиат пунтото“ одземено

Онколошките пациенти повторно предупредија: Недостигот на терапија не смее да стане правило

Полицијата санкционира 222 моторџии за само шест часа, 14 приведени поради безобѕирно возење