Утрински Весник
Македонија

Владата одзеде уште 6 лиценци за одгледување на канабис 

Vlada.webp.webp

На денешната прес-конференција во Владата, портпаролот Марија Митева одговарајќи на новинарски прашања информираше дека на денешната седница Владата разгледала информација и донела одлука за одземање на 6 лиценци за одгледување на канабис.

„Денес имаше 6 точки од Министерството за здравство и 6 лиценци Владата денес ги одзема. За подетални информации кои се фирмите, ве молам да се обратите до Министерството за здравство каде што и практично е оваа Комисија. Од она што можев да го видам од информацијата која што помина на Владата, станува збор за законски пропусти при извршена проверка од страна на Комисијата која што е надлежна да ги провери сите услови што треба да ги поседуваат. И да, Владата донесе одлука за одземање на уште 6 лиценци”, истакна Митева.


Можете да прочитате

Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш не вели никогаш

Мицкоски: Бугарија станува прибежиште за криминалци – случајот со Ива Михаилова ќе го отвориме пред НАТО и ЕУ

Треновски: Не очекувајте големо поевтинување на становите, но цените може да стагнираат