Утрински Весник
Македонија

80 годишна битолчанка нова жртва на измама со лажна сообраќајка

Svr bitola.webp.webp

На 09.03.2026 во 15:50 часот во СВР Битола, 80-годишна битолчанка пријавила дека  била измамена од едно лице за сума од 150.000 денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари, како и златен накит.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка била повредена во сообраќајна несреќа, при што требало да се направи итна операција, за која требало да се плати.


Како што е пријавено, откако се договориле, ги дала парите на лице позади зградата во која живее, а подоцна сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од МВР.

Можете да прочитате

Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава

Полицаец заврши во притвор затоа што наместо во буџетот, парите од казни за погрешно паркирање си ги земал за себе

СДСМ: Владата го призна бизнисот со вода во време кога Гостивар се труе – поскапа од големопродажна цена