Утрински Весник
Свет

Сауди Арамко: Ќе има катастрофални последици за пазарот на нафта ако продолжи кризата во Хормуз

Nafta2.webp.webp

„Сауди Арамко“, најголемиот светски извозник на нафта, изјави дека ќе има „катастрофални последици“ за глобалните пазари на нафта доколку војната во Иран продолжи да го нарушува превозот во Ормутскиот теснец.

„Нарушувањето не само што ги потресе секторите за превоз и осигурување, туку ветува и драстичен домино ефект врз авијацијата, земјоделството, автомобилската и другите индустрии“, изјави извршниот директор на „Арамко“, Амин Насер, пред новинарите, според Ројтерс .


Насер истакна дека глобалните залихи на нафта се на најниско ниво во последните пет години и рече дека кризата ќе доведе до побрзо намалување на залихите, додавајќи дека е клучно да продолжи пловидбата во теснецот.

„Ќе има катастрофални последици за светските пазари на нафта и колку подолго траат нарушувањата, толку подрастично ќе влијаат врз глобалната економија“, рече Насер.

Насер, исто така, рече дека мал пожар што произлезе од минатонеделниот напад врз рафинеријата Рас Танура на „Арамко“, најголемата на домашниот пазар, брзо бил изгаснат и ставен под контрола, додавајќи дека објектот е во процес на рестартирање.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека нема да дозволи „ниту еден литар нафта“ од Блискиот Исток доколку продолжат нападите на САД и Израел, што го поттикна Доналд Трамп да предупреди дека САД ќе го погодат Иран многу посилно ако го блокира извозот од виталниот регион за производство на нафта.

Како што забележува британската агенција, „Арамко“ пријави пад на годишната добивка од 12 проценти, главно поради пониските цени на суровата нафта.

Можете да прочитате

Земјотрес ја погоди Фукушима, Јапонија

Иран се заканува со ликвидација на Трамп

Кошта: Единствен победник од оваа војна е Русија