
Цената на нафтата синоќа надмина 100 долари за барел, за прв пат откако Русија ја нападна Украина во 2022 година.
Веќе утрово пак, се случи нов драматичен скок па така барел сурова нафта Брент се продава по цена од 110,90 долари.
Цените на нафтата и бензинот нагло пораснаа, бидејќи трговците стравуваат дека војната во Иран би можела да доведе до продолжени ограничувања на протокот на нафта низ целиот свет. Загриженоста дополнително се зголеми откако конфликтот се прошири и во други земји на Блискиот Исток, вклучувајќи ги и нападите врз рафинериите во регионот богат со нафта.
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече порастот на цените на нафтата „многу мала цена што треба да се плати“.
Македонските граѓани се во исчекување од седницата на Регулаторната комисија за енергетика која денеска треба да усвои нови цени на горивата која ќе почне да важи од вечерва на полноќ.
На овој линк можете да ги следите цените на нафтата на глобалните пазари

