Утрински Весник
Магазин

Рак, Лав и Девица под астролошка лупа – анализата на Наташа Јанковска

Zvezdite zboruvaat.jpg

Во најновата епизода на емисијата „Планетите зборуваат“ на 4TV, астрологот Наташа Јанковска зборува за карактерните особености, силните страни и животните предизвици на хороскопските знаци Рак, Лав и Девица.

Според неа, секој знак носи специфична енергија и карактерни црти кои го обликуваат однесувањето на луѓето, но и начинот на кој тие се справуваат со животните ситуации.


Лицата родени во знакот Рак важат за длабоко интуитивни, лојални и емпатични. За нив семејството претставува најголема вредност во животот, а грижата за блиските е на прво место. Сепак, Раковите често се склони кон меланхолија и враќање во минатото, а понекогаш можат долго време да носат чувство на вина или лесно да се навредат. Нивниот најголем предизвик, според астрологијата, е да научат да поставуваат јасни граници во односите, особено со семејството.

Кога станува збор за Лавот, Јанковска посочува дека станува збор за харизматичен, амбициозен и енергичен знак кој природно сака да биде во центарот на вниманието. Лавовите поседуваат изразени лидерски и менаџерски способности и често се оние кои ја преземаат иницијативата. Сепак, понекогаш им недостига толеранција и трпение кон другите. Затоа, нивната животна лекција е да научат да ја споделуваат својата енергија со околината, да го контролираат сопственото его и да ги заштитат послабите.

Девицата, пак, се истакнува со скромност, прецизност и аналитичност. Овој знак е познат по својата посветеност на деталите и грижата за другите луѓе, како и по вниманието кон здравјето и секојдневната рамнотежа. Но, Девиците често се перфекционисти кои ги потиснуваат емоциите и се оптоваруваат со преголема грижа. Нивната задача е да се ослободат од прекумерниот скептицизам и загриженост и да изградат поголема доверба дека работите можат да се одвиваат во позитивна насока.

Јанковска нагласува дека разбирањето на карактерот на хороскопските знаци може да помогне во подобро познавање на себе, но и во подобрување на односите со луѓето околу нас.

Можете да прочитате

Само две држави би можеле да преживеат светска нуклеарна војна

Приведена 30-годишна жена по пукање врз луксузната вила на Ријана во Лос Анџелес

Како природно да го намалите холестеролот во крвта?