Утрински Весник
Македонија

 Пациентка од Крива Паланка почина во возило на Итната помош

Brza Pomos.webp.webp

78-годишна пациентка од Крива Паланка починала во возило на Итната медицинска помош додека била пренесувана кон болница.

На 7 март околу 12:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во возило на Итната медицинска помош од Крива Паланка, на местото викано „Света Петка“ во општина Старо Нагоричане, починала пациентката М.Т. (78) која била транспортирана кон Општата болница во Куманово.


Лекар кој бил присутен во возилото ја констатирал смртта на пациентката. По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Надлежните институции работат на расчистување на случајот и се очекуваат дополнителни информации по завршување на постапката и обдукцијата.

Можете да прочитате

ВЛЕН: За Али АХемти правдата е коцка

Жестока пресметка на скопскиот аеродром – во тепачката употребена столица

Левица: Оризарите произведуваат за 25, а откупот е 18 денари – ДПМНЕ го претвори земјоделството во работа за загуба