Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно, температури до 16 степени

Vreme.webp.webp

Времето денеска ќе биде претежно облачно и тивко, а попладне и во текот на ноќта ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе се движи од -1 до 4 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 12 и 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со краткотрајни сончеви периоди и услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, а максималната ќе достигне до 16 степени.


Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд. Од вторник се очекува период на постабилно време, со можност за појава на утринска магла по котлините.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол