Утрински Весник
Магазин

(Видео) Планетите зборуваат: Што носи лунарната еклипса во Девица?

Zvezdite zboruvaat.jpg

Во најновата епизода на „Планетите зборуваат“ на 4TV астрологот Наташа Јанковска зборува за лунарната еклипса во Девица што се случи на 3 март оваа година. 

„Оваа еклипса, од хороскопските знаци најмногу ќе ја почуствуваат знаците Близнаци, Стелец, Девица и Риби. Она што ни носи лунарната еклипса е тоа дека во следните шест месеци некои работи ќе треба да ги отпуштиме, односно некои делови треба да заминат од нашите животи. Во следните шест месеци може да имаме чувство како да сме на крај од некој циклус. Во следниот период можеби ќе се појави и потреба од напуштање на контрола, особено од контрола што ја имаме врз луѓето. Можеби ќе се соочуваме со стравови, особено со стравот од правење грешки. Оваа еклипса не зборува за започнување на нешто ново, туку не насочува за отпуштање на некои работи кои не ни служат“ објаснува Јанковска. 


Според неа со оваа еклипса ќе дојде до преиспетување и напуштање на секојдневните рутини и перфекционизмот што сакаме да го постигнеме, а истиот не уморува.

Можете да прочитате

Астрологот Наташа Јанковска открива: Какви личности се Овенот, Бикот и Близнаците?

Вечерва во 21:00 часот „Планетите зборуваат“ со Наташа Јанковска

Дневен хороскоп за 7 март 2026