Утрински Весник
Свет

Израел: Подземниот бункер на Али Хаменеи во Техеран нападнат со околу 50 борбени авиони

20260306161034 big 730x400 52.webp.webp

Израел соопшти дека подземниот воен бункер на покојниот ирански врховен лидер Али Хаменеи во Техеран денеска бил цел на напад изведен од околу 50 борбени авиони на израелските воздухопловни сили, пренесе ДПА.

„Пред малку околу 50 борбени авиони на израелските воздухопловни сили, водени од прецизни разузнавачки податоци на израелските вооружени сили, го погодија подземниот бункер на Али Хаменеи во Техеран“, се наведува во соопштение на Израелските одбранбени сили.


Според израелската армија, бункерот бил користен како база за воени активности.

Се смета дека комплексот се протега под неколку улици и има повеќе влезови. Израелската војска оцени дека нападот „дополнително го намалил капацитетот на режимот во однос на командување и контрола“.

Очевидци во Техеран јавија за силни експлозии и потреси кои се почувствувале во многу станбени згради.

Можете да прочитате

И Салвини со поддршка за Орбан по директните закани на Зеленски кон унгарскиот премиер

Цените на нафтата нагло пораснаа поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон