Утрински Весник
Македонија

Полицаец побарал и примил поткуп за да не собере возило со „Пајак“

Image 2026 03 06 161449629.png

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.С. за сторено кривично дело „примање поткуп”.

Пријавениот, во својство на полициски службеник од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово, на 27.02.2026 при вршење на службени дејствија со специјално возило „Пајак”, побарал и  примил поткуп од лице од Куманово за да не му изготви записник за констатиран сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог за сообраќаен прекршок поради непрописно паркирано моторно возило, со што овозможил  да не биде казнет за констатираниот сообраќаен прекршок.


Одделот за внатрешна контрола против Р.С. поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и отстранување од работното место. 

Можете да прочитате

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во следните 10 години

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити