Утрински Весник
Свет

Црна статистика во Иран: Над 1.300 загинати, над 2.000 повредени

Izrael iran 2.jpg

Изминува првата недела од војната помеѓу САД и Израел од една и Иран од друга страна.

Додека конфликтот се проширува, расте и бројот на човечки жртви како и бројот на повредени лица.


Од почетокот на војната во Иран загинале над 1350 лица, додека 2000 лица се повредени и примаат медицинска помош.

Портпаролот на иранското Министерство за здравство, Хосеин Керманпур, ги сподели овие информации:

  • Повеќе од 2.000 повредени лица моментално се на болничко лекување.
  • Досега се извршени повеќе од 625 операции.
  • Најмладата пациентка е четиримесечно девојче од Полдоктар во покраината Лорестан, западен Иран. Најстарата е 94-годишна жена од Сакез во покраината Курдистан, северозападен Иран.
  • 198 од убиените се жени.
  • Меѓу убиените има осум здравствени работници.
  • 30 здравствени работници се повредени.
  • 11 болници, осум центри за итна медицинска помош и 12 амбулантни возила се оштетени од проектили.

И покрај ваквите црни статистики, засега нема најава дека војната наскоро ќе престане, затоа што и Иран и САД и Израел се чини дека се подготвени за долга борба.

Можете да прочитате

И Салвини со поддршка за Орбан по директните закани на Зеленски кон унгарскиот премиер

Цените на нафтата нагло пораснаа поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон