Утрински Весник
Македонија

(Видео) Трауматично сведоштво на жртва на семејно насилство: Разведениот сопруг насилно го зема детето, Центарот за социјални работи не реагира

Nasilstvo.webp.webp

Во „Ноќно студио“ на 4ТВ жена жртва на семејно насилство сведочеше за траумите низ кои минува, но и за резигнираноста на институциите на системот. 

Таа кажа дека Меѓуопштинскиот центар за социјални работи (МЦСР)  по бракоразводната парница донел одлука таткото шест пати во месецот да го зема детето, но секое нивно гледање е проследено со гласно неговдување од страна на детето кое не сака да биде покрај таткото.


Во емисијата, жртвата покажа и снимка снимена пред една недела на која се слуша плачлив глас на дете. 

„Снимката е направена пред точно една недела и се гледа дека детото не сака да оди кај родителот, кој заборави дека има дете. Детето не си го знае родителот и затоа има одбивност кон него. Секој пат кога доаѓа да го земе, насилно го граба детето, а детето пишти вришти и одбива да оди кај него. На тоа, МЦСР не реагира воопшто и упорно му е дозволено да прави психички тортури на едно малолетно дете“ рече жената.

Таа потврди дека ги покажала снимките на МЦСР од каде ѝ кажале дека тие не се надлежни и дека родителите сами биле криви и дека тие двајца ќе бидат виновни ако детето има последици.

Можете да прочитате

Првите македонски државјани евакуирани од Израел пристигнаа во Скопје

Филипче: Предвремени избори ќе има, власта нема да знае каде да избега!

Почина поранешниот пратеник Благојче Трпевски