Утрински Весник
Свет

Поскапуваат авионските билети меѓу Азија и Европа

Kroacija avion.jpg

Цените на авионските билети на релација меѓу Азија и Европа бележат значителен раст, откако дел од клучните центри на Блискиот Исток беа затворени поради безбедносната ситуација поврзана со конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Израел од една страна и Иран од друга страна.

Поради затворањето на аеродромските хабови, повеќе авиолинии се соочуваат со намален капацитет и пренасочување на летовите, што влијае врз рутите меѓу Австралија и Европа, објави 4news.mk Според извештаите, дел од линиите се распродадени неколку дена однапред, а цените на билетите за краткорочни патувања значително се зголемени.


Аеродромите во Дубаи и други големи центри во Заливот остануваат затворени веќе неколку дена, што дополнително го ограничува сообраќајот. Ова доведе до зголемена побарувачка кај авиокомпании надвор од регионот, меѓу кои се наведуваат Cathay Pacific, Singapore Airlines и Turkish Airlines.

Летовите кон Лондон на краток рок најчесто се распродадени или се нудат по значително повисоки цени, а сличен тренд се забележува и кај кинеските и другите азиски превозници. Ситуацијата укажува на намалена понуда и зголемена побарувачка на глобалниот авио-пазар во услови на регионална нестабилност.

Можете да прочитате

Се поголем број жители на ЕУ размислуваат да ја напуштат Германија

Франција испраќа оклопни возила во Бејрут

Трамп бара Нетанјаху да биде помилуван