Утрински Весник
Македонија

Зајкова го поднесе предлог законот за електронска нараквица за следење на насилниците во Собранието

Zajkova 681x464 1.jpg

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова, со поддршка на група пратеници, денеска до Собранието ги поднесе измените и дополнувањата на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Дополнително, Зајкова поднесе и барање за одржување на седница на собраниската Комисија за еднакви можности на мажите и жените.

Пратениците од сите политички партии во Собранието повторно ќе имаат можност да дискутираат по предлогот на претседателката Зајкова и ќе добијат шанса со давање поддршка, вистински да застанат на страната на жртвите на насилство.


„Денес повторно го поднесуваме Законот за електронска нараквица со кој што се овозможува дополнителна заштита на жртвата, покрај нејзината пријава, која обезбедува аларм на жртвата  доколку сторителот се наоѓа во нејзина непосредна близина. Доста системот молчи, доста говориме за жените без да преземеме конкретни мерки. Пред Собранието повторно ќе се најде закон со кој што ќе може да покажеме дека навистина сакаме да обезбедиме заштита и превенција”, изјави претседателката Зајкова при поднесувањето на предлогот до Собранието.

Покрај забраната за приближување, клучно е воведувањето на електронска нараквица за сторителите на семејно насилство, која ќе ја предупредува жртвата дека сторителот се приближува до одредено место, односно на оддалеченост помала од 100 метри, со што ќе се зголеми степенот на заштита на жртвата и ќе се намали можноста за нејзино повторно изложување на насилство.

Можете да прочитате

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел

Хоџа на увид во Струга: Современ водовод, пат со пешачка патека и градење на колекторскиот систем Радожда-Калишта за Стружани

Собранието ги изгласа измените на законите за градење и градежно земјиште