Утрински Весник
Македонија

Раздор меѓу пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ?! Фотографиите отворија дилеми

Whatsapp image 2026 03 05 at 14.52.12.jpeg

Фотографии објавени на социјалните мрежи отворија дилеми за можни заладени односи меѓу пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова и Жаклина Пешевска.

Станува збор за фотографија направена за време на посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Собранието на Република Северна Македонија. На оригиналната фотографија, која е објавена од пратеникот Бојан Стојаноски, зад премиерот Христијан Мицкоски може да се забележи и пратеничката Жаклина Пешевска.


Меѓутоа, на фотографијата која е објавена на Инстаграм профилот на пратеничката Емилија Ангелова, Пешевска не се гледа, што отвори сомнежи дека таа е избришана од кадарот.

По ова, беа разгледани и други фотографии, при што се забележува дека во неколку случаи Пешевска не се појавува на кадрите кои ги објавува Ангелова, иако на оригиналните фотографии таа е присутна.

Овие детали предизвикаа шпекулации во јавноста дали постои раздор меѓу пратениците во ВМРО ДПМНЕ, особено во период кога во партијата се отвораат прашања за внатрешни позиции и влијание.

Жаклина Пешевска веќе пет години ја извршува функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а во јавноста се шпекулира дека интерес за позицијата има и Емилија Ангелова.

Можете да прочитате

Собранието ги изгласа измените на законите за градење и градежно земјиште

Мицкоски се сретна со претставници на нафтената индустрија

Штипјанка претепана од сопругот заврши во болница