Утрински Весник
Македонија

За шест часа казнети 59 возачи во Тетово и Гостивар

Mvr Policija 4.jpg

При денешната полициска контрола се изречени се вкупно 59 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив шест за измината важност на сообраќајната дозвола, шест мерки за превоз на патници повеќе од пропишаното во автобуси, минибуси и такси возила кои вршат јавен превоз на патници, една за неизвршен вонреден технички преглед на автобус, девет мерки за возила кои вршат јавен превоз на патници без лекарско уверение, 10 мерки за товарни моторни возила во однос на претовар на товар, вонреден превоз и некористење на церада, шест мерки за непоседување на задолжителна опрема во возило, шест мерки за останати прекршоци. Поднесени се и 15 барања за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица.

Едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно без возачка дозвола“ и одземени се пет возила поради изминат рок на важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.


За сите сторители изготвени се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Драма во поликлиниката „Букурешт“: Доктор нападнат додека прегледувал пациентки, му скршиле вратен пршлен

Андоновски: Националниот дата центар ќе се гради до крајот на мандатот на Владата

Мицкоски од Њујорк: Со САД градиме партнерство засновано на доверба, почит и конкретни резултати