Утрински Весник
Свет

Израел го зголемува увозот на муниција и гранати од Европа

Izrael.webp.webp

Израел ја зголеми испораката на оружје и муниција од европските земји.

Во изминатите 24 часа, израелскиот товарен авион „Боинг 747-412Ф“, кој се користи за транспорт на воена опрема и оружје, регистрираше голем број летови до европските метрополи.


Mинистерот Израел Кац и генералниот директор на израелското Министерство за одбрана (IMOD), генерал-мајор Амир Барам, дале приоритет на зајакнувањето на стратешката издржливост на Израел и обезбедувањето континуирана оперативна подготвеност во услови на подготовки за потенцијална ескалација на дополнителни фронтови.

Боинг, слета на аеродромот во Белград, од каде, според претходната пракса, подигна товар воена опрема и муниција.

Овие операции ги спроведуваат заеднички Дирекцијата за одбранбени набавки преку нејзиниот Оддел за меѓународна навигација, мисиите на IMOD во САД и Германија, Дирекцијата за планирање на израелските одбранбени сили, Управата за израелски аеродроми и Управата за цивилно воздухопловство на Израел.

Според израелските медиуми, зголемувањето на бројот на летови со кои се снабдува израелската армија со конвенционално оружје и муниција е дел од подготовките за копнена инвазија на либанската територија по најновата серија ескалација на конфликтот со Хезболах.

Од друга страна, воено-техничката соработка меѓу Србија и Израел во моментов е на највисоко ниво. Србија купува модерни ракетни системи, беспилотни летала и сајбер софтвер од Израел, а во исто време извезува гранати и муниција во Тел Авив.

Можете да прочитате

Војната со Иран го чини Израел 2,63 милијарди евра неделно

Русија тестира систем за предупредување во случај на избувнување на Трета светска војна

Муцунски: Иранскиот ракетен напад кон Турција е неприфатлив