Утрински Весник
Македонија

31,2% од децата во Македонија имаат зголемена телесна тежина

Debelna.webp.webp

31,2% од децата во Македонија имаат зголемена телесна тежина, а 13,7% од нив живеат со дебелина. Овие податоци се над просекот на Eвропскиот регион.

Зголемената телесна тежина и дебелината е почеста кај момчињата. Во студијата се наведува дека само 25% од децата секојдневно јадат свежо овошје што е најниската дневна консумација на овошје во целиот Европски регион.


„20% консумираат свеж зеленчук секој ден – што, исто така, е меѓу најниските нивоа во Европа. Солени грицки консумираат 40% од децата – најмногу во однос на државите вклучени во COSI студијата во Европскиот регион. Повеќе од половина (51%) од децата редовно консумираат слатки грицки три или повеќе дена во неделата“, се наведува во извештајот. Што се однесува до физичката активност, 40% од децата поминуваат повеќе од два часа дневно пред екрани (телевизија или електронски уреди), 63,3% од децата пешачат или возат велосипед до училиште; кај оние што живеат на растојание до 2 km, оваа навика ја практикуваат дури 89%, 94% од децата секојдневно имаат најмалку еден час активна игра со умерен до силен интензитет, а 48,2% активно спортуваат или танцуваат повеќе од два часа неделно. Големо мнозинство, 88,6%, спијат најмалку 9 часа навечер. Студијата покажува дека децата со зголемена телесна тежина и дебелина живеат во семејства чиишто родители имаат низок или среден степен на формално образование, а децата кои практикуваат навики коишто поддржуваат здравје живееле со родители коишто имале повисок степен на образование. „Постои ниска свесност кај родителите за препознавање на зголемената телесна тежина и дебелината кај нивните деца. За повеќе од половина од децата коишто живеат со зголемена телесна тежина и/или дебелина, родителите перципирале дека телесната тежина на нивните деца е во препорачани граници на „нормална телесна тежина““, се наведува во студијата.

Од ИЈЗ наведуваат дека ваквите резултати ја нагласуваат итната потреба од системски интервенции во училишната и семејната средина на децата, со цел да се промовира нивен здрав раст и развој. Интервенции се потребни и во други области. Реформулацијата на храната, информациите поврзани со храната, рекламирањето, урбаната околина и можноста за практикување безбедно движење и физичка активност се само дел од нив.

Можете да прочитате

Шест македонски државјани од Израел ќе бидат евакуирани со владиниот авион

За шест часа казнети 59 возачи во Тетово и Гостивар

ССМ повика на протест на 14-ти месецов