Утрински Весник
Македонија

АРМ со детали по веста дека дрога е најдена во ранецот на припадник од Армијата

Arm.webp.webp

Во врска со објавите во медиумите со наслов „Дрога најдена во ранецот на припадник од Армијата”, од Армијата информираат дека на ден 12.02.2026, е спроведена акција од надлежните служби во Армијата, при што кај армиски припадник е пронајдена материја со сомнителна содржина.

По пронаоѓањето на сомнителната содржина, согласно процедурите во Армијата, случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи по што е известен дежурен јавен обвинител и лицето е лишено од слобода. По целосното комплетирање на случајот против припадникот на Армијата е поведена соодветна постапка.


Како за овој случај, така и во иднина, Армијата со уште поголем интензитет ќе продолжи да презема мерки и активности за превенција и спречување на вакви појави.

Армијата е институција изградена врз принципите на професионалност, дисциплина и интегритет и нема место за лица кои со своето однесување го нарушуваат угледот на институцијата и ја дискредитираат со лични постапки. Секое несовесно и недолично однесување ќе биде санкционирано согласно важечките правила и процедури.

Дополнително, информираат дека согласно принципите за транспарентност на Армијата, а по барање на одредени медиуми, јавноста на ден 17.02.2026 била информирана за наведениот случај. 

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: ЕУ стана алатка за манипулација – Нашите политичари не сакаат искрено влез во Унијата

Демократското движење: Нов крупен чекор кон официјализирање на ВЛЕН во обединета политичка сила

Рашел Леви-Драмер: Израел е отсечен, но духот на народот е нескршлив