Утрински Весник
Македонија

Тошковски: За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

20260303130458 big 730x400 86.webp.webp

Министерството за внатрешни работи има основани сомненија дека и порано нелегално била изнесувана марихуана од државата и оти покрај скопската „Алфа фарм“ и други компании се поврзани со шверцот, потврди денеска ресорниот министер Панче Тошковски.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција тој побара разбирање од јавноста за процесот, кој, според него, е еден од најголемите кривично-правни предмети и посочи дека имаат сомнежи дека станува збор за организирана криминална група, чии припадници се и од земјава и од надвор.


– Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

Подвлече дека државата ќе навлезе во суштината на предметот и оти ќе одговараат сите инволвирани.

– Ќе мораме да покажеме како држава дека во ваков огромен предмет, од секој аспект, од финансиски, кривично-правен, навистина ќе навлеземе во суштината на предметот. И нема да одговараат за кривично дело само „мулињата“, така обвинителството и во рамки на правната теорија се ословуваат оние кои се само транспортери на одредени нелегални стоки, туку навистина ќе одговараат оние кои што стојат позади целокупната таа организирана криминална банда. А за тоа ќе ни треба повеќе време, изјави Тошковски. 

Можете да прочитате

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во посета на Армијата

Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко

Тројцата обвинети полицајци од Кочани не се чувствуваат виновни во предметот поврзан со „Пулс“