Утрински Весник
Македонија

Лефков: Близок соработник на Путин во прегратки на Филипче и Заев

Lefkov 03.03.2026.jpg

Прес-конференција на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,


Близок соработник на Путин во прегратки на Филипче и Заев.

СДС на Венко Филипче и Зоран Заев му даде државјанство на човекот на Путин, Александар Онишченко, и му овозможи да тера бизниси во Македонија.

Инаку, Онишченко бил член на проруската партија на тогашниот претседател Виктор Јанукович, своевремено и пратеник во Украина, и станува збор за човек кој е осуден на 15 години затворска казна поради перење на пари и корупција.

Кога Онишченко беше баран со меѓународна потерница од родната му Украина, кога сите држави не го примаа и не му даваа престој, нашата влада предводена од СДС го вдоми и му даде државјанство.

СДС на Филипче и Заев ја отворија вратата на рускиот бизнис и Путин, за преку Македонија да прават пари во Европа.

Филипче и Заев со ваквото доделување државјанства на руски олигарси и блиски луѓе до Владимир Путин, водеа антидржавна политика водена исклучиво од лични интереси.

Филипче и Заев ги дели само еден телефонски повик од Владимир Путин.

Тоа е таа руска игра во СДС. И кога слушаме Бела Чао, или Катјуша од Бихаќка знаеме дека некој им дошол на гости.

Игрите и комбинациите на СДС со Русија преку Македонија и институциите ја прекина ВМРО-ДПМНЕ и тoa повеќе нема да биде случај.

Можете да прочитате

Тројцата обвинети полицајци од Кочани не се чувствуваат виновни во предметот поврзан со „Пулс“

Се проширува истрагата против дваесет и петгодишниот овчар од Старо Нагоричане

Руте од касарната „Илинден“ : Останете безбедни и чувајте нè безбедни