Утрински Весник
Македонија

Фетаи останува без ниту еден пратеник

Arben fetai.jpg

Арбен Фетаи останува без ниту еден пратеник, Мимоза Муса и Илир Демири му се приклучија на Азир Алиу и да бидат гласот на АА.

„АА одлучи политичкиот глас во ВЛЕН, на АА да биде Латиф Латифи. Оваа промена се случи поради промени кои се случуваат во рамките на обединувањето на Влен, во структурата на АА како дел од ВЛЕН“, додаде Азир Алиу.


Претходно, во групата на Фетаи беше усвоена „Нова Алијанса“, оценета како стратешки чекор за посилно и поунифицирано политичко структурирање. Сепак, Алиу вели дека тежината на партиите се мери според бројот на пратеници.

„Тежината на политичките партии се мери според бројот на пратеници… знаете дека сега пратеникот Илир е со нас и работиме наскоро еден или двајца пратеници да се приклучат во структурата на АА како дел од ВЛЕН“, рече Азир Алиу.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски најави градски воз до скопскиот аеродром: Пругата од Миладиновци ќе се продолжува кон Петровец

Еден билет и за воз и за автобус – Ѓорѓиевски најави нов систем за јавниот превоз во Скопје

Ѓорѓиевски најави расчистување со дивопоставените објекти