Утрински Весник
Македонија

Македонски граѓани ќе се евакуираат со автобус од ОАЕ до Саудиска Арабија

Iran 1.webp.webp

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби ја разгледува можноста за евакуација од ОАЕ и репатријација на македонски државјани кои во моментов се затекнати во Обединетите Арапски Емирати, во координација со властите на ОАЕ и на Кралството Саудиска Арабија. Евентуалната евакуација би се одвивала по копнен пат кон Саудиска Арабија, а потоа со летови што полетуваат од нејзина територија.

Во соопштението се наведува дека транспортот од Обединетите Арапски Емирати до Саудиска Арабија би се реализирал со автобуси и би траел меѓу 13 и 15 часа. Планот, како што се посочува, предвидува македонските граѓани преку копнената граница да влезат во Саудиска Арабија, од каде би продолжиле со авионски превоз.


Амбасадата објаснува дека саудиските власти би издавале хуманитарни визи на самиот граничен премин, врз основа на формално барање, односно нота што би ја доставиле Амбасадата и Министерството за надворешни работи, а според претходно подготвен список на патници.

За да бидат вклучени во тој список, заинтересираните граѓани треба да достават точни лични податоци, број на патна исправа и датум на нејзина важност, податок преку кој граничен премин ќе влезат, како и време и датум на пристигнување. Потребно е да се наведе и местото на пристигнување и заминување.

Амбасадата ги повика сите македонски граѓани кои се заинтересирани за оваа можност да се пријават на дежурниот телефонски број на дипломатско-конзуларното претставништво во Абу Даби, како и на официјалната електронска адреса на Амбасадата.

Можете да прочитате

Премиера на новата детска претстава „Металковци патуваат” на Малата сцена во МОБ

Николоски: Aвтопатот Гостивар – Букојчани се гради по најсовремени светски практики

Фетаи останува без ниту еден пратеник