Утрински Весник
Македонија

Почина родилка на ГАК – 24info.mk

Img 5031 1.jpeg

34-годишна родилка почина викендов на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје.

Според информациите на „Слободен печат“, пациентката родена 1991 година починала во саботата, само неколку часа по извршената оперативна интервенција со царски рез.


Од Министерството за здравство ја потврдија смртта на родилката и информираа за преземените првични чекори односно дека случајот веќе е под лупа на Комисијата за квалитет во рамките на болницата, која денеска го разгледувала текот на лекувањето и операцијата.

Надлежните најавија дека детални информации за причините за смртта и наодите од комисијата ќе бидат споделени со јавноста во текот на утрешниот ден.

Засега нема официјални информации за состојбата на новороденчето, ниту за евентуални претходни компликации кај мајката.

Можете да прочитате

Љутков: По инцидентот во Кочани, вонредна инспекција покажа дека дел од културните објекти се небезбедни за јавноста

Република Северна Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК

Мицкоски оди за Црна Гора на самитот ЕУ – Западен Балкан