Утрински Весник
Свет

По смртта на Хамнеи почина и неговата сопруга

Ali hamnei.jpg

По смртта на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, почина и неговата сопруга Мансуре Ходжастех. Таа подлегна на повредите со кои се здоби во американско – израелските напади.

Хамнеи беше убиен во американско-израелски напади насочени кон повеќе локации во Техеран и околината. Иранските државни медиуми наведуваат дека Ходжастех била повредена во истиот бран напади и денес подлегнала на повредите.


Хамнеи, заедно со неколку членови на своето семејство, вклучувајќи ќерка, зет и внука, загинал во американско-израелските акции против Иран.

Смртта на ајатолахот беше потврдена и од американскиот претседател Доналд Трамп, како и од иранските официјални извори. Американските и израелските официјални лица порачаа дека нападите биле насочени кон стратешката воена и безбедносна инфраструктура на Иран. објави Скопје1.мк

Можете да прочитате

Путин предупреди дека нападите врз Иран би можеле да прераснат во поширок регионален конфлик

Грција испраќа борбени авиони на Кипар

Трамп најавува силен удар врз Иран