Утрински Весник
Македонија

Црвениот крст исплати 11,2 милиони денари на 18 повредени од пожарот во „Пулс“

Crven Krst.webp.webp

Вкупо 11.200.000 денари беа исплатени на 18 лица – настрадани во пожарот во ,,Пулс” од Црвениот Крст на Македонија. Последната исплата од собраните средства се изврши на 27 февруари 2026 на 18те лица поделени во две групи.

Исплатата, како што информираат, е реализирана врз основа на доставен список на повредени лица, изготвен по втората евалуација на нивната здравствена состојба и прогнозата за понатамошно лекување, подготвена од Комисијата на Министерството за здравство.


-Со оваа исплата, вкупниот досегашен трансфер на средства од Фондот на солидарност достигнува 164.744.901 денар. Со цел обезбедување транспарентност и отчетност, Црвениот крст подготви Извештај за фактичките наоди за приливите и одливите на сметката на Фондот на солидарност за периодот од 16 март до 22 август 2025 година. Извештајот е објавен на веб-страницата на Црвениот крст, информираат оттаму.

Во тек е подготовка на финален извештај кој ќе го опфати и преостанатиот период, а истиот ќе биде објавен до 15 март годинава.

Од организацијата упатија благодарност до сите донатори кои придонесоа за мобилизирање на хуманитарната поддршка за настраданите и нивните семејства.

-Црвениот крст продолжува со активности на терен, со посебен акцент на обезбедување психолошка поддршка преку Регионалниот центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка, велат од Црвениот крст.

Можете да прочитате

Андоновски учесник на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори – MWC26 во Барселона

Македонски граѓани ќе се евакуираат со автобус од ОАЕ до Саудиска Арабија

Левица: Иран се соочува со агресија – МНР наместо пддршка да го осуди американско – ционистичкото дивеење