Утрински Весник
Економија

МФ: Трицифрен раст на реализацијата на капиталните инвестиции во првите два месеца од 2026 година

Mf.webp.webp

Висок раст на реализација на капитални инвестиции од 179,7 отсто е остварен во првите два месеца од оваа година. Во согласност со податоците за реализација на буџетот заклучно со 27 февруари, во првите два месеца од 2026 година реализирани се вкупно 8,1 милијарди денари, што претставува раст од 179,7 отсто, или во апсолутен износ во двата месеца од оваа година, во споредба со двата месеца од 2025 година, има повисока реализација на капитални инвестиции во износ од 5,2 милијарда денари, информираат од Министерството за финансии (МФ).

Во Буџетот за 2026 година капиталните расходи се проектирани на износ од 40,1 милијарди денари. Планирани се реализација на инфраструктурни проекти, енергетски, капитални проекти од областа на сообраќајот, комунална и локална инфраструктура за подобрување на условите за живот на граѓаните. Исто така, со Буџетот е планиран износ од 2,1 милијарда денари за реализација на капитални проекти во општините.


Од планираните 40,1 милијарда денари во првите два месеца се реализирани 8,1 милијарди денари или 20,12% од предвиденото.

Имено, реализацијата на Буџетот во првите два месеца од годината е согласно планираното.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра