Утрински Весник
Македонија

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

20260302110821 big 730x400 14.webp.webp

Македонија, како членка на НАТО и стратешки партнер на САД, останува цврсто посветена на принципите на суверенитет и територијален интегритет. Во време на растечка неизвесност, неопходни се одговорност, координација со сојузниците и јасна определба за спречување на понатамошна ескалација, порачал премиерот Христијан Мицкоски во телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

Во текот на разговорот, како што информираше премиерот преку Фејсбук, тој изразил искрена солидарност со народот на ОАЕ и најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од нападите.


-Нападите врз суверени држави и заканите кон цивилното население претставуваат грубо нарушување на меѓународното право и сериозна закана за регионалната и глобалната стабилност,  истакнал Мицкоски.

Во разговорот, додава тој, ја нагласил и потребата од засилена грижа и координација за безбедноста на македонските граѓани кои се наоѓаат во регионот.

-Информирав дека институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција доколку тоа биде потребно. Македонија, во контекст на своите стратешки интереси и сојузништва, ќе продолжи да дејствува принципиелно, внимателно и одговорно, во интерес на стабилноста и безбедноста, истакна Мицкоски. 


Можете да прочитате

Превезувал украдени дрва со нерегистрирано возило, без возачка, не застанал на знак од полицијата и поминал на црвено

Истрагата за осомничениот од Старо Нагоричане се проширува за уште едно убиство – најавена нова ексхумација

Скијач од Словенија повреден на Титов Врв