Утрински Весник
Свет

Експлозии во Абу Даби по иранскиот ракетен бран

Img 9130.jpeg

Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) соопшти дека започнал нов бран ракетни и дронски напади кон цели во регионот, во рамки на најновата ескалација на тензиите на Блискиот Исток.

Во меѓувреме, силни експлозии го потресоа Абу Даби, по што густ чад се издигаше од област во близина на пристаништето во главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Засега не е официјално потврдено што точно ја погодило областа.


Снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат темни облаци чад над пристанишната зона, додека дел од жителите пријавиле дека слушнале авиони како летаат над градот во моментите на експлозиите.

Нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета, а локалните власти сè уште не се огласиле со детали за инцидентот.

Нападот доаѓа во време на засилени воени активности во регионот, при што постои страв од понатамошно проширување на конфликтот и дестабилизација на поширокиот Блиски Исток.

Можете да прочитате

(Видео) Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран

Иранска револуционерна гарда: Убивме и ранивме 560 американски војници

Пукање во Тексас, убиени три лица, застрелан и напаѓачот