Утрински Весник
Свет

За иранскиот претседател убиството на Хамнеи е објава на војна против муслиманите

Ali hamnei.jpg

За иранскиот претседател Масуд Пезешкијан убиството на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи во американските и израелските напади било објава на војна против муслиманите.

„Атентатот врз највисокиот политички авторитет на Исламската Република Иран и истакнат лидер на шиитизмот низ целиот свет… се смета за отворена објава на војна против муслиманите, а особено против шиитите, насекаде во светот“, вели Пезешкијан во изјава објавена на државната телевизија.


Тој додава дека одмаздата за убиството на Хамнеи е право и обврска на Исламската Република. „Исламската Република Иран смета дека е своја легитимна должност и право да ги одмазди сторителите и организаторите на ова историско злосторство“, вели Пезешкијан.

Можете да прочитате

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори