Утрински Весник
Македонија

Уставниот суд од 4 март почнува со седниците во живо пред граѓаните

20260228123607 big 730x400 6.webp.webp

Уставниот суд информира дека почнува историски исчекор кон целосна институционална отвореност, отпочнувајќи ја најголемата реформа во областа на транспарентноста од своето постоење. Од 4 март,  првпат во историјата, јавноста ќе може да ги следи седниците во живо, преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на Судот на Јутјуб и Фејсбук. Седницата ќе биде достапна преку следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=vOjp-gcskNA.

Како што соопштуваат од Уставен суд, со воведување на овој модел на транспарентност се отвора ново поглавје во односот меѓу институцијата и граѓаните. Посочуваат дека секој граѓанин ќе може во реално време да види како се водат расправите, кои аргументи се соочуваат во процесот на одлучување, како се гради правното мислење и каква е атмосферата во која се носат одлуките кои се од суштествено значење за правниот поредок. 


-Оваа одлука претставува круна на повеќегодишниот процес на постепено спроведување на Програмата за управување со комуникациите, реализирана низ неколку развојни фази: Активна транспарентност и континуирано известување до јавноста за сите предмети во секоја фаза од постапката; Воспоставување активно присуство на социјалните мрежи со можност за директна интеракција со граѓаните; Следење на информациите во јавноста поврзани со Судот и навремено реагирање и информирање на граѓаните за прашања од јавен интерес; Техничка модернизација и обезбедување опрема за дигитално работење и снимање, организирање можност преку веб-страницата за директно електронско обраќање до претседателот и прганизирање средби помеѓу претседателот и граѓани секој прв четврток од месецот, почнувајќи од 5 март 2026 година, велат од судот.

Посочуваат дека Одлуката за воведување пренос во живо од седниците е донесена со мнозинство гласови од актуелниот состав на Судот, водена од императивот за транспарентно, отчетно и отворено институционално работење.

-Крајната цел на оваа реформа е зајакнување на довербата на граѓаните во правната држава како и приближување на граѓаните до надлежностите на Судот, преку директен увид во работата на највисоката уставно-судска институција. Со оваа новина, Уставниот суд не само што поставува нови стандарди за сопственото работење, туку се позиционира како најтранспарентен суд и една од најотворените институции во државата, со идеја да ги поттикне и останатите органи на власта кои се стремат кон поголема јавност и отчетност, соопшти Уставниот суд.

Можете да прочитате

Поддршка од Европската конфедерација на синдикати за ССМ и барањата за повисоки плати

Телефонски разговор на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар

Лишен од слобода кумановец, управувал возило со 3,08 промили алкохол во крвта