Утрински Весник
Свет

Катар и Саудиска Арабија повикуваат на „итен прекин“ на ескалациите 

Napad irak3.jpg

Емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани, разговараше со принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, при што разменија мислења за тековните случувања и нивните влијанија врз регионалната и меѓународната безбедност.

Според извештајот од телефонскиот разговор, Катар и Саудиска Арабија ја нагласиле потребата од „итен прекин“ на секакви ескалации и враќање на преговарачката маса, пренесе Ал Џезира.


Салман ја потврди „целосната солидарност и поддршка на неговата земја за Државата Катар, нејзината силна осуда за нападите на катарската територија со ирански балистички ракети и нејзината посветеност да ја обезбеди сета можна поддршка на Државата Катар во сите мерки што ги презема за зачувување на нејзиниот суверенитет, безбедност и стабилност“.

Од своја страна, емирот на Катар изрази „длабока благодарност и почит за цврстите ставови на сестринското Кралство Саудиска Арабија и за нејзината искрена братска солидарност и непоколеблива поддршка за Државата Катар и нејзиниот народ“.

Можете да прочитате

ИДФ: 200 авиони учествувале во досега најголемиот воздушен напад на военото воздухопловство

Стармер: Британски авиони на небото над Блискиот Исток

ИДФ почнаа нов бран напади против иранските ракетни фрлачи