Утрински Весник
Економија

Од полноќ поскапува дизелот – 24info.mk

Benzin Gorivo 960x639 1.jpg

Од полноќ за два денари по литар поскапува дизелот. Цената на безините останува иста. Ова е денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), со што се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 отсто.

Со тоа, новата малопродажна цена на еуродизел ќе биде 71 денар по литар, а на екстра лесното масло за домаќинство 70 денари за литар.


Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 73,5 денари, а еуросупер БС-98 за 75,5 денари за литар.

Според РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,984 отсто, а кај дизелот за 4,458 отсто, кај екстра лесното масло за 4,405 отсто и кај мазутот за 3,47 отсто.

Можете да прочитате

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, стан од 50 м2 во Центар за 168 0000 евра

Серафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазари 

Основната каматна стапка е непроменета – високата неизвесност и натаму е присутна, велат од НБРМ