Утрински Весник
Свет

Бебе преживеа пад од 33 метри висина

Bebe detelinka 1024x714 1.jpg

18-месечно бебе преживеа пад од неверојатни 33 метри во Санкт Петербург. Две медицински сестри кои случајно се нашле под зградата и инстинктивно го искористиле својот капут како импровизирана заштитна мрежа и го спасиле.

„Делувавме инстинктивно. Го видовме малото момче како се качува на работ од прозорецот и знаевме што ќе се случи. Само се погледнавме со другата жена и рековме: ‘Ајде да го фатиме’“, раскажува сестрата Ана Камасова. Благодарение на нивната присебност, детето паднало директно врз палтото, што го ублажило ударот и му го спасило животот. По лекарскиот преглед, утврдено е дека бебето, како со чудо, нема сериозни повреди.


Можете да прочитате

Трамп: Европските лидери не знаат како да ја решат војната во Иран

Трамп: Во следните два дена се можни преговори со Иран

Дизни планира да отпушти 1.000 работни места