Утрински Весник
Економија

Поскапуваат дизел горивата – 24info.mk

Benzin Gorivo 960x639 1.jpg

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за два денара по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 71, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 70 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 73,5, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 75,5 денари за литар.


Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,984 отсто, кај дизелот за 4,458, кај екстра лесното масло за 4,405 и кај мазутот за 3,47 отсто. Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4692 отсто.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра