Утрински Весник
Македонија

Македонија станува дел од „Плазма – Спортските аматерски игри за деца“

20260227120330 big 730x400 77.webp.webp

Северна Македонија станува дел од „Плазма – Спортските аматерски игри за деца“, кои во изминатите години обединија повеќе од два и пол милиона деца од неколку држави. Најдобрите ќе бидат дел од финалните натпревари што ќе се одржат во август годинава во Сплит. Иницијативата трае веќе 27 години, а во неа вклучени се деца од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и од Словенија. Целта е да се почувствува вистинската вредност на спортот и преку него децата да се учат на вистинските вредности во животот.

На денешното потпишување на договорот меѓу меѓународната платформа „Спортски игри за млади“ и Федерацијата на училишни спортови присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски. 


– За првпат сме во Македонија и веруваме дека ова ќе биде чекор напред. Сакам да ги повикам децата да учествуваат и преку спортот да запознаат многу пријатели. Најдобрите ги очекуваме на најдоброто финале во Сплит, рече претседателот на Плазма спортските игри, Здравко Мариќ.

Според премиерот Мицкоски, со ваквиот чекор земјава прави синегрија меѓу младите и спортот. 

– Важно е да ги научиме младите дека иднината е во нив. Можам да зборувам како неуспешен спортист, но спортот остана секогаш во мене и затоа како Влада за првпат формиравме Министерство за спорт. Мислам дека полека, но сигурно ги поминуваме успешно првичните предизвици и почнуваме да функционираме, рече Мицкоски, говорејќи за себе како кошаркар, кој животот го насочува кон поинаква патека. 

Можете да прочитате

Средба на Сиљановска-Давкова со Гордан Грлиќ Радман, МНР на Хрватска

Зајкова: Колку жени треба да умрат за системот да се разбуди и да постапува

Сиљановска-Давкова – Бегај: Македонија и Албанија имаат одлични билатерални односи и соработка