Утрински Весник
Македонија

ЦУ: Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички во вредност од 1,2 милиони денари

Image 2026 02 27 115520023.png

Секторот за контрола и истраги откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава заради сторено кривично дело „криумчарење”, казниво по Кривичниот законик.

Осомничениот е застанат за контрола од страна на мобилен царински тим, во внатрешноста на државата, веднаш по влезот во државата преку граничен премин Табановце, при што се пронајдени 4.752 пакувања со никотински ќесички со никотин и 48 пакувања никотински ќесички – снус кои содржат никотин и тутун. Стоката и возилото се запленети, а осомничениот е приведен на сослушување од страна на инспекторите за истраги.


Во предистражната постапка е утврдено дека стоката требало да биде предадена на лице за кое Царинската управа минатата година поднесе кривична пријава за прикривање стоки кои се предмет на криумчарење – цигари без акцизни маркички и царинска измама.

По целосно завршување на истрагата, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за сторено кривично дело криумчарење.

Можете да прочитате

Кривична за вработен во Управа за имотно-правни работи, oвозможил незаконска приватизација на државно земјиште

Учество на Муцунски на Дипломатскиот форум во Анталија

Сиљановска – Давкова ќе се обрати на „Лидерскиот панел“ на Дипломатскиот форум во Анталија