Утрински Весник
Македонија

Неповолно Биометео: Огромна разлика меѓу утринските и дневните температури

Meteoalarm.mk 9.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Огромна е разликата на температурите помеѓу оние во ноќните  и во утринските часови и температурите преку ден, во ноќните  и во утринските часови температурите во поголем дел од Македонија се минусни и зимски и има појава на мраз а преку денот тие се пролетни и многу повисоки. Разликата меѓу ноќните и утринските температури со максималните дневни температури е дури за околу 20 степени што е навистина премногу.


Сето ова лошо се одразува особено врз метеопатите каде се можни значителни здравствени проблеми. Ваквата ситуација со температурите го зголемува ризикот  и за појава на вируси и за настинки.

Огромната разлика меѓу температурите во ноќните  и утринските часови со температурите преку ден ќе продолжи и во следните денови па така минималните температури на воздухот ќе бидат зимски и во поголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата со што ќе има појава на слаб мраз а преку денот тие особено во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија ќе се искачат  и до 20 степени.

Можете да прочитате

Најмногу дожд во Претор – 24info.mk

На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“

Струмичанец, превезувал мигранти со возило со регистраски таблички од друго возило и без возачка дозвола