Утрински Весник
Спорт

Македонските кошаркари со дуелот против Луксембург ги продолжуваат натпреварите за Евробаскетот 2029

20260227063319 big 730x400 12.webp.webp

Македонската кошаркарска репрезентација денеска ги продолжува натпреварите за Евробаскет 2029, а нов противник е селекцијата на Луксембург. Ова воедно е почеток за новиот селектор на клупата на македонската репрезентација Шпанецот Жозеп Мариа Берокал.

Ова е дуел од третото коло од групата А, а македонскиот состав има две победи во првите две кола против Азербејџан (дома) и Република Ирска (гости). Денешниот противник Луксембург исто така има два триумфа.


Селекторот Берокал се одлучи на натпреварот против репрезентацијата на Луксембург да играат: Војдан Стојановски, кој ќе биде и капитенот на тимот, Андреј Магдевски, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Марин Петков, Виктор Ефремовски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Јакимовски, Етан Хап и Теодор Симиќ.

Натпреварот се игра во салата „Градски парк“ во Скопје со почеток во 18 часот.

Можете да прочитате

Реал Мадрид – Манчестер Сити најатрактивна осминафинална двојка од Лигата на шампионите

Беќири: Не заслуживме висок пораз

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија